циркулира св. и несв.
циркулирање ср.

циркулира (св. и несв.)

Меѓу вашингтонскиот монумент и Холокауст центарот се истегнува огромната авенија Индипенденс, а на другата страна, зад обелискот, авенијата Конститјушн по кои циркулира жив автомобилски сообраќај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Постоеја исто така и со шепот пренесувани приказни за некоја ужасна книга, некаква збирка на сите ереси, чиј автор беше Голдштајн, што потајно циркулираше наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само на овој начин изложбата може да дише, батериите да се полнат, енергијата да циркулира, и материјата да го изрази својот магнетизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Крвта циркулира, мозокот пумпа крв, рацете лачат мравја киселина, дното станува површина, постконцептуален артизам, естетика на очај, пештерски ларпурларт. (Се враќа на нозе.) Не сум среќен што сум жив, морам да се залажувам со што ќе најдам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој воведен текст во каталог кој обележува педесетгодишнина на едно друштво сметаме дека токму е симбол за дното што го допреа повеќето институции од дејноста на културата, и како тотална демистификација на немалата моќ која 50 години циркулира низ тие страотни стаорски канали ослободени од било каква светлина во форма на суд, компетенција, критичка валоризација, честопати и елементарна интелигенција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)